• Горан Упале

Женската одбојкарска селекција на Соединетите Американски Држави ја оправда фаворитската улога во последното коло од групната фаза на олимпискиот турнир и со победата од 3-0 (29-27, 29-27, 25-20) над Франција го потврди учеството во четвртфиналето. Од која позиција ќе патува во следната фаза зависи од натпреварот кој што следи меѓу лидерот Кина и второпласираната Србија.
Американките кои што во првото коло неочекувано загубија од Кина со 3-2, попладнево не дозволија ново изненадување и славеа во соочувањето со домашната селекција. Но, до посакуваниот триумф дојдоа со многу мака, иако не загубија сет. Во првите два резултатот беше 29-27 за „јенките“, додека во Американките беа нешто поубедливи и натпреварот го затворија со 25-20.
Натпреварот меѓу Србија и Кина кој ќе го даде конечниот пласман во групата започнува од 17:00 часот.
Елиминационите натпревари во женска одбојка почнуваат во вторник наутро.