Американката Ени Дроус е МВП на женската Лига на нации во одбојка

Најдобрата американска одбојкарка, Ени Дроус, автор на неверојатни 33 поени во финалето против Бразил е МВП на Лигата на нации, која вчера заврши во Кина.

Ако се знае дека и во четвртфиналето и полуфиналето имаше монструозни бројки од 21, односно 23 поени, извесно е дека нејзиното признание е повеќе од заслужено.

Инвидуални признанија:
Најдобар либеро: Меган Картни (САД)
Најдобар смечер: Макрис (Бразил)
Најдобар блокер: Ебрарт Каракурт (Турција)
Најдобар среден блокер: Хале Вашингтон (САД)
Втор најдобар среден блокер: Ана Беатрис (Бразил)
Најдобар коректор: Габи Гимараеш (Бразил)
Втор најдобар коректор: Луис Јанхан (Кина)
МВП: Ени Дроус (САД)

Соединетите Американски Држави се вратија од 0-2 и славеа со 3-2 во финалето со Бразил. Бронзениот медал од финансиски најисплатливото одбојкарското натпреварување за селекција им припадна на домашната кинеска репрезентација која во четири сета ја надигра Турција.