Американците по голема драма ја совладаа Јапонија за место во финалето

Одбојкарската репрезентација на Соединетите Американски Држави е вториот финалист во Лигата на нации, откако во спектакуларно полуфинале ја совлада Јапонија со 3-2 во сетови.

Американците по голема борба успеаја да го скршат отпорот на незгодниот азиски ривал и изборија место во големото финале, каде ќе се соочат со Полска. Сетовите беа израмнети, а резултатски завршија 25-19, 23-25, 20-25, 25-19 и 15-13.

Полјаците претходно без поголеми проблеми ја совладаа Словенија со максимални 3-0 и обезбедија ново финале во ова натпреварување.