• Саше Љолес

Репрезентацијата на Полска го освои трофејот во одбојкарската Лига на нации, откако во големото финале ја совлада селекцијата на Соединетите Американски Држави со конечни 3-2, по сетови 25-21, 23-25, 25-27, 25-23 и 15-10.
Американците пружија силен отпор, имаа и 2-1 во сетови, но Полјаците заиграа најдобро кога беше најпотребно и успеаја со пресврт да дојдат до големото славје.
Четвртиот сет понуди огромна борба (25-23); а во последниот сет Полска успеа полесно да ја комплетира мисијата и сосема заслужено го освои златниот медал.
Третото место во ова издание на Лигата на нации ѝ припадна на репрезентацијата на Словенија, која претходно славеше над Јапонија со конечни 3-1 во сетови.