Алексов ќе има нова позиција, Ричлиев ќе работи и со младите во Џио Струмица

Македонските одбојкари Стефан Алексов и Костадин Ричлиев нема да менуваат средина затоа што ги продолжија договорите со ОК ЏИО Струмица.

Ланското засилување од УГД Штип - Стефан Алексов, во новата сезона ќе игра на променета позиција, односно веќе нема да настапува како среден блокер туку како коректор.

Костадин Ричлиев, пак, кој настапува на позицијата либеро, ја продолжува соработката со шампионскиот тим, а притоа тренерски ќе ја помага работата во младите категории.

Џио Струмица гради амбициозен проект кој повторно сака да остане на тронот во македонската одбојка.