Александар Милков потпиша за кипарскиот Енозис Паралимни

Македонскиот репрезентативец Александар Милков во идната сезона ќе настапува во одбојкарскиот шампионат на Кипар, откако Енозис Паралимни денес го официјализираше трансферот на 37-годишниот одбојкар.

Ветеранот потпиша договор на една сезона и по настапите во Франција, Катар, Русија, Тунис, Романија, Хрватска, Шпанија, сега ќе настапува на Кипар. Во нашата земја, Милков беше член на Струмица и Работнички Фершпед.

Детали околу договорот не се познати, но Милков веројатно ќе има статус на клучен одбојкар во кипарскиот шампионат. 

Милков заздрави од повредата на коленото и во Маврово се подготвува со останатите репрезентативци за Европското првенство во Словенија.