Александар Љафтов сребрен во бугарската одбојка

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов освои нов медал со бугарски Хебер, откако во домашното првенство дојде до финалната серија, но доживеа пораз.

Хебер во финалето загуби со 0-3 (23-25, 15-25, 12-25) од актуелниот владетел Нефтохимик. Старо-новиот првак на Бугарија доминатно го одбрани тронот и во ниту еден момент, со исклучок на првиот сет, не му дозволи на Хебер да се понадева дека може да изненади.

Љафтов одигра солиден натпревар, кој го заврши со девет поени и беше втор стрелец на својот тим.