Александар Љафтов си замина од бугарски Хебер

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов ќе има нов клуб, затоа што се раздели со бугарски Хебер Пазарџик, веднаш по крајот на шампионската сезона.

Љафтов нема да биде дел од клубот во сезоната 2021/22, а тоа го потврдија со соопштение од каде му се заблагодарија за придонесот во изминатата сезона. Сигурно е дека Љафтов нема да има потешкотии да најде нов клуб затоа што редовно беше меѓу најдобрите поентери.

Репрезентативецот пред да пристигне во Хебер играше уште за Џио Струмица, Раднички Ниш, Анагениси, Стеауа Букурешт, Галатасарај и Волеј Турција, Младост Рибола...