Александар Љафтов е спортски пример за сите во Бугарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов се закити со признание во Бугарија, поради добро однесување на терен и фактот дека го почитува спортскиот „фер-плеј“.

Во бугарскиот шампионат од оваа сезона има воведено „зелен картон“, кој го добиваат играчи кои се за пример. Истиот се доделува секое коло, а сега заврши во рацете на Александар Љафтов, кој е пример за сите во рамки на третото коло.

Македонскиот одбојкар ги брани боите на Хебер Пазарџик, а претходно настапуваше за клубови во Хрватска, Романија, Кипар, Србија, Турција и Македонија.