• Горан Упале

Македонскиот репрезентативец Тоше Ефремов ќе има нов предизвик, откако реши да започне интернационална кариера.
Иако има само 15 години, со своите одлични игри во македонскиот шампионат, како и во репрезентацијата на Македонија, Ефремов го привлече вниманието кај српскиот суперлигаш Раднички Крагујевац, каде што ќе ја продолжи кариерата.
15-годишниот Тоше Ефремов со својот настап во групната фаза во Скопје стана најмладиот играч на Европските одбојкарски првенства.