Јубилејното 50. издание на еден од најстарите и најконстантните турнири во календарот на Одбојкарската федерација на Македонија, меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски - Чајка“, утре, на седми октомври, ќе се одржи во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово, во организација на семејството на одбојкарската легенда, како и на Одбојкарската федерација на Македонија.