Победи на Милан и Црвена Звезда носат најдобар профит во Mozzart

Богат ден на фудбалските терени. А, како да биде поинаку кога на менито е Лигата на шампионите, кремот на европскиот клупски фудбал. Mozzart и овојпат приреди големи изненадувања за играчите.

Букмејкерите беа доста расположени, така што денес имате две квоти кои нема да ги најдете на друго место никаде во светот, а тие се од континенталната елита. Се работи за кецот на Милан против Борусија Дортмунд и двојката на Црвена Звезда во пресметката со Јанг Бојс.

Милан - Борусија Дортмун (вторник, 21.00 часот), кец 2.25

Милан беше во момент „да се биде или не“ момент на „Сан Сиро“ оваа сезона во Лигата на шампионите и опстана во играта. Го одигра најдобриот натпревар сезонава, го совлада ПСЖ и ја задржа надежта за пласман во нокаут-фазата од елитното натпреварување. Сега го чека истата ситуација. И уште поголем притисок. Лидерот во групата Борусија Дортмунд пристигнува на Сан Сиро и со победа може да го потврди пласманот во следна рунда. Па, дури и со бод Германците суштински можат да добијат. Но, победа на Росонерите ја менува целата ситуација и ги става во добра позиција пред гостувањето во Њукасл во последното коло каде што би им било доволно нерешено. Првиот меч во Дортмунд заврши без победник, а Милан беше нешто подобар. Сега на тимот на Пиоли му треба издание како против Пари Сен Жермен. И моментот не е најдобар. Тренерот на Милан е под притисок, се повеќе се шпекулира за негов отказ, а ќе биде без најдобриот играч. Рафаел Леао е повреден, а Милан со него и без него не е истиот тим. Сепак, во тимот се враќа Оливие Жиру, кој поради картон не играше викендов во првенството. Сите очи ќе бидат вперени во него. Викендов Борусија имаше дуел против лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен, па за нив и ова е раскрсница на сезоната.

Јанг Бојс - Црвена Звезда (вторник, 21 часот), двојка 3.70

Одлуката за европска пролет ја носат Јанг Бојс и Црвена звезда. Доколку победат, избраниците на Барак Бахар и официјално ќе обезбедат учество во нокаут фазата од Лига Европа, додека во случај на пораз би испаднале. Потенцијално реми на стадионот Ванкдорф би донело голема неизвесност во последното коло од групата Г од Лигата на шампионите, бидејќи тогаш третата позиција сигурно би се решавала по гол разлика. И токму гол-разликата во овој момент му дава предност на српскиот шампион, кој е на „минус пет“ (5-10), додека швајцарскиот шампион е на „минус седум“ (4-11). Пресметката на двата тима во Белград во која немаше победник (2-2), најавува уште еден исклучително возбудлив меч. На стадионот Рајко Митиќ беа забележани многу осцилации во играта на двата тима, кои наизменично се менуваа во доминантни улоги на теренот, па може да се каже дека конечниот резултат беше фер. Составот на Рафаел Вики го расипа расположението во последните денови. Најпрвин поради повредата на напаѓачот Седрик Итен, а потоа и поради поразот во дербито од Цирих, поради кој остана без првото место на табелата во швајцарскиот шампионат. Замената на Итен, Жан-Пјер Енсам е напаѓач со малку поинаков профил, а во Лигата на шампионите досега одигра само 22 минути. Сепак, треба да се има предвид дека Камерунецот сезонава во швајцарскиот шампионат шест пати ја погоди противничката мрежа, односно дека во претходните шест сезони постигна речиси 140 гола во дресот на швајцарскиот клуб. Српскиот шампион оваа сезона игра на крилата на Осман Букари кој има два гола и една асистенција во Лигата на шампионите, а минатиот викенд го доби и дербито во Нови Сад против Војводина.

Напомена: Квотите се подложни на промена, но ќе бидат највисоки во светот во секое време во Mozzart.