Победи на Манчестер Јунајтед и Унион Берлин се највисоки во Mozzart

Вторник е богат ден на фудбалските терени, а обложувалниците на Mozzart за тебе подготвија две квоти кои се најголемите на светот. Во моментот кога Лигата на шампионите ги менува првенствата, букмејкерите за тебе даваат најголеми квоти на свет за победa на Манчестер Јунајтед против Галатасарај, како и на Унион Берлин против Брага.

Манчестер Јунајтед - Галатасарај (вторник, 21:00), кец 1,50

Манчестер Јунајтед, по „бронзата“ во Премиер лигата минатата сезона, се очекуваше да биде барем не полош во новата кампања. Сепак, „црвените ѓаволи“ потфрлија на стартот од англискиот шампионат, успеаја да остварат само три победи во седум кола, што е многу малку дури и за кандидат за место меѓу првите шест екипи. Тимот на Ерик Тен Хаг моментално се наоѓа на 10. место на табелата и веќе заостанува седум чекори зад четвртопласираниот Ливерпул. Во Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед стартуваше во Минхен, каде имаше голема пресметка со Баерн. Сепак, „ѓаволите“ немаа доволно сили да освојат бодови, па беа поразени со 3-4. Од друга страна, Галатасарај се мачеше во квалификациите за Лигата на шампионите од јули и работеше напорно за да се најде во групната фаза. Избраниците на Окан Бурук ги елиминираа Жалгирис, Олимпија од Љубљана и Молде од турнирот, а во првото коло од основната фаза „лавовите“ за малку избегнаа катастрофа - во меч каде сметаа на три бода едвај зграпчија еден. Во Истанбул ремизираа со Копенхаген 2-2.

Унион Берлин - Брага (вторник, 18:45), кец 2,05

Унион Берлин во моментов е во ужасна состојба. Избраниците на Урс Фишер загубија пет натпревари во низа. Разбирливи се поразите од Реал Мадрид (0-1) и од РБ Лајпциг (0-3), но фијаското со Хофенхајм дома (0-2), како и неуспехот против Хајденхајм на гости (0-1) не е лесно да се објасни. Кој би помислил дека еден од најдобрите клубови во Германија ќе има толку лош почеток на сезоната. Во последните три натпревари „железарите“ не успеаја ниту да постигнат гол, а ситуацијата ќе се обидат да ја подобрат во пресметката од второто коло во Лигата на шампионите со Брага. Португалскиот состав нема толку сериозни проблеми во играта како претстојниот противник. Брага по поразот во првото коло од Наполи со 1-2, оствари две победи во националниот шампионат. Најпрво ја совлада Боависта со 4-1, а потоа и Естрела Амадора со 4-2. Минатата година Брага и Унион се сретнаа во групната фаза од Лигата на Европа, а двата тима славеа минимални победи пред својата публика.

Напомена: Квотите се подложни на промени, ама во Mozzart во секој момент ќе бидат најголемите на светот