Победи на Челзи, Јувентус, Ница и Сент Гален се највисоки во Mozzart!

Типична сабота, гори од фудбал на сите страни, понудата е ептен богата. Ваше е да ги изберете вистинските парови, а Mozzart ви нуди четири квоти кои во секое време ќе бидат најголемите на свет.

Се работи за победи на Челзи, Јувентус, Ница и Сент Гален.

Барнли - Челзи (сабота, 16:00), двојка 1,90

Со победата над Фулам во соседното дерби конечно му олесна на Челзи. „Сините“ и покрај огромните вложувања на Тод Боели, сепак, имаат скромни резултати, па Аргентинецот Маурисио Покетино ќе има многу мака да го врати некогашниот великан на патеките на старата слава и барем да избори место на некое од меѓународните натпреварувања. По само еден бод во првите шест натпревари, Барнли минатата недела славеше против Лутон на гостински терен, па тоа секако влева доверба во тимот предводен од белгискиот стручњак Винсент Компани. И двата тима имаат проблем со реализацијата. Челзи постигна седум гола (погодок по натпревар), додека минатата сезона најдобриот клуб во Чемпионшип постигна шест.

Јувентус - Торино (сабота, 18:00), кец 2,00

Старата дама во градското дерби со неубедливите Бикови влегува без двајцата свои најдобри напаѓачи, Душан Влаховиќ и Федерико Киеза, претставници на српската и италијанската репрезентација. Јуве има четири бода помалку од лидерот Интер, додека Торино има само девет бода, а без победа е веќе три натпревари (две нерешени и еден пораз). Во последните години Јувентус е многу поуспешен во дуелите со соседите. Во претходниот шампионат во Серија А на домашен терен победија со 4-2, додека на гостински терен беше 1-0. Осум години Торино не победи против попознатиот градски ривал.

Мец - Ница (сабота, 17:00), двојка 1,80

Домаќинот е во серија од два порази, додека Ница е на врвот, на четвртото место. Заедно со Рен, непоразен е и тимот од Азурниот брег по седум кола од францускиот шампионат. Ница игра тешки натпревари со малку голови, има само четири примени гола, најмалку во лигата. Мец не победи на три натпревари пред своите гледачи во новата сезона (две нерешени и пораз). Ница минатата сезона победи во Мец со 2-0.

Сент Гален - Лозана Уши (сабота, 20:30), кец 1,48

Изедначен старт во Швајцарија. Дури шест екипи ги делат само четири бода. На врвот е Сент Гален, кој собра 15 бодови и заостанува четири бода зад лидерот Цирих. Лозана Оши е на деветтата позиција, а формата и е во нагорна линија. На последните два натпревари собра четири бода. Сент Гален беше единствениот кој го победи шампионот Јанг Бојс оваа сезона. Ги има сите четири триумфи на домашен терен. Минатата недела гостите го совладаа Базел со 3-0 на гостински терен, а претходно капитулираа на две гостувања.

Напомена: Квотите се подложни на промени, но во секое време во Mozzart ќе бидат најголемите на свет