Нов Mozzart милионер: Два пресврти и една „седумка“ за стотче донесоа екстра добивка!

Mozzart исплати одлични тикети овој викенд, меѓутоа најдобриот дефинитивно доаѓа од Радовиш од каде пристигна новиот милионер во обложувалниците во регионалниот лидер во приредување игри на среќа.

Редовен играч во Уплатното место Радовиш-2 погоди два пресврти и еден меч 7+ и со уплата од само сто денари стана милионер. На тикетот имаше три пара, првиот и вториот беа пресврти на Партизан и Реал Мадрид со Радник Сурдулица и Реал Сосиедад, додека третиот беше да има седум или повеќе гола на дуелот Рома - Емполи.

Партизан губеше со 0-2 на полувремето, ама на крајот победи со 3-2 и тоа со пенал во екстра-времето, а Реал Мадрид имаше еден гол негатива со Сосиедад на паузата (0-1) и на крајот мечот заврши 2-1. Рома на Мурињо со убедливи 7-0 го декласира противникот и дојде до првата победа сезонава.

Така, играчот од Радовиш со уплата од само 100 денари во Mozzart дојде до добивка од 2.587.200 денари. Феноменален тикет, честитки мајсторе!