Mozzart ти нуди најголеми квоти на свет на Динамо Загреб и Спарта Прага!

Продолжуваат квалификациите за Лигата на шампионите. Чистилиштето е во полн ек на патот кон најдобрите 32 тима на Стариот континент, а обложувалниците на Mozzart за денеска подготвија две квоти кои во секое време ќе бидат најголеми на свет.

Станува збор за кец на хрватски Динамо Загреб против грчки АЕК, како и кец на чешка Спарта од Прага против дански Копенхаген. Двата дуели се играат во рамките на третото коло од борбата за европската елита, со тоа што пресметката на Максимир е прв меч, а во Прага се игра реванш.

Динамо Загреб – АЕК (вторник, 20:00), кец 2,25

Динамо веќе мина еден противник во квалификациите за Лигата на шампионите. Избраниците на Игор Бишчан во второто коло ја елиминираа казахстанска Астана со вкупен резултат 6:0. Динамо не блеска како вообичаено во првенството и по три кола има четири бода на своето конто. Сините на последниот меч дома ремизираа без голови со Горица, а потоа поради нередите на навивачите во Атина минатата недела и немилите настани не одиграа натпревар со АЕК. Наместо тоа, вечерва ќе го одиграат првиот натпревар. АЕК заврши одлична работа минатата сезона. Под водство на Матиас Алмеида, жолто-црните ја освоија шампионската титула во грчкото првенство, со пет бода повеќе од второпласираниот Панатинаикос. АЕК имаше успех и во Купот каде во финалниот натпревар го совлада ПАОК со 2:0.

Спарта Прага – Копенхаген (вторник, 19:00), кец 2,35

Спарта ја започна сезоната на многу високо ниво. Избраниците на Брајан Приске не загубија ниту еден бод во чешкиот шампионат. Тимот по четири кола е лидер со 12 бода, но пред второпласираната Славија само по гол разлика. Спарта минатата недела одигра реми без голови на гостувањето кај Копенхаген и сега сака да ја искористи предноста на домашен терен. Копенхаген веќе успеа да се избори со еден противник во квалификациите бидејќи го елиминира исландскиот Брејдаблик со вкупен резултат 8:3. Сепак, на домашниот меч против Спарта, „лавовите“ беа многу претпазливи и како резултат на тоа не можеа да извлечат подобар резултат од реми без голови.

Напомена: Квотите се подложни на промени, но во Mozzart во секое време ќе бидат најголеми на светот!