• Мартин Танасковски


Денес и утре на програмата се натпреварите од Лигата на шампионите. Останаа уште неколку енигми, а букмејкерите на Mozzart за тебе подготвија две квоти од европската елита кои во секое време ќе бидат најголемите на свет. Се работи за двојка на Реал во Берлин кај Унион, како и кец на Интер против Реал Сосиедад во Милано.
Унион Берлин - Реал Мадрид (вторник, 21:00), двојка 2,10
Мадриѓани оваа сезона се одлични во Лигата на шампионите. Имаат максимални 15 бода, го обезбедија првото место, па немаат резултатски императив во германската престолнина. Од друга страна, на Унион му е потребна победа за да ја прескокне Брага на третото место во групата Ц и да се пласира во Лига Европа. Услов е и Наполи да ја победи Брага во последното коло на домашен терен. Во првиот натпревар меѓу овие екипи во средината на септември, Реал го совлада тимот од Берлин со 1-0 со голот на Англичанецот Џуд Белингем во четвртата минута од судиското надополнување. Унион заживеа по доаѓањето на хрватскиот стручњак Ненад Бјелица на чело. Друштвото на Карло Анчелоти по петте последователни победи, изминатиот викенд ремизира во Севиља против Бетис (1-1).
Интер - Реал Сосиедад (вторник, 21:00), кец 1,80
Овие две екипи вечерва во Милано ќе играат за првото место во групата Д од Лигата на шампионите. И двете се сигурни во осминафиналето. На Интер му треба победа за да биде лидер. Во првото соочување на овие клубови во Баскија немаше победник - 1-1. Сосиедад се врати со победи од двете гостувања, без примен гол против Бенфика и Салцбург. Лидерот во Серија А на последните два меча на Апенините има гол разлика 7-0, додека тимот од Сан Себастијан е во одлична форма и има седум меча без пораз во сите конкуренции.
Напомена: Квотите се подложни на промени, ама во Mozzart во секое време ќе бидат најголемите во светот