• Мартин Танасковски
Обложувалниците на Моцарт за денес подготвија две промо квоти кои во секој момент ќе бидат најголеми во светот. Тоа се кецот на Галатасарај против Копенхаген во првата средба од основната фаза на најквалитетното европско натпреварување, како и двојката на Наполи во пресметката со Брага во рамките на елитата на Стариот континент.
Галатасарај - Копенхаген (среда, 18.45), кец 1.70
На Галатасарај му претстоеше долг пат до пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Лавовите квалификациите ги започнаа во средината на јули. Го елиминираа Жалгирис со вкупни 3-2, потоа Олимпија од Љубљана со вкупни 6-0. Иако Молде се трудеше многу во решавачката рунда, беше послаб. Во турската Суперлига, Галатасарај се чувствува повеќе од самоуверено и го зазема второто место на табелата. Ремито без голови во првото коло со Кајзери е единствениот меч во кој „лавовите“ загубија бодови во досегашниот дел од шампионатот, по што следуваа три последователни победи. Копенхаген се намачи во квалификациите за Лигата на шампионите и успеа да ги мине трите кола на патот до групната фаза. Прв противник на данскиот шампион беше исландски Брејдаблик кој лесно беше совладан. Спарта Прага се бореше, а беше елиминирана само во пенали. Во решавачката борба за пласман во Лигата на шампионите, Копенхаген беше подобар од полски Раков. Во данскиот шампионат Лавовите направија неколку кикса, токму поради борбата на два фронта. Сепак, ниту конкурентите не беа идеални и по осум кола на табелата води Копенхаген.
Брага - Наполи (среда, 21.00), двојка 1.90
Битката на Брага за Лигата на шампионите беше навидум лесна. Најпрво во третото квалификациско коло го елиминираа ТСЦ од Бачка Топола со вкупен резултат 7-1, а во плеј-офот им претстоеше голем предизвик во форма на Панатинаикос. Сепак, фудбалерите на Брага во двата меча ги совладаа Грците со минимален резултат. Во првенството на Португалија работите не одат баш најдобро. По пет одиграни кола Брага има само седум бодови и се наоѓа на осмото место на табелата. Таа во последното коло загуби од новајлијата Фаренсе со 1-3. Минатата сезона беше успешна за Наполи. Партенопеите по 33 години станаа шампиони на Италија, а стигнаа и до четвртфиналето на Лигата на шампионите. На почетокот на оваа кампања, избраниците на Руди Гарсија добро започнаа, победувајќи го Фросиноне (3-1), а потоа и Сасуоло (2-0). Но, потоа тимот од југот загуби од Лацио (1:2) и ги подели бодовите со Џенова (2-2), па е на петтото место во Серија А.
ЗАБЕЛЕШКА: Квотите се подложни на промени, но во Mozzart во секое време ќе бидат највисоки во светот