• Мартин Танасковски


Нови дресови за новите шампиони! Познатата акција на компанијата Mozzart продолжува во соработка со фудбалскиот клуб Лисолај од Битола кои добија нови дресови за својот тим.
Регионалниот лидер во приредување игри на среќа преку овој проект се труди да обезбеди подобри услови за сите спортисти, без разлика дали се натпреваруваат во повисоките или пониските лиги.
Тоа го докажува и оваа донација која пристигна на адресата на фудбалскиот клуб од Битола. Фудбалерите на Лисолај моментално се натпреваруваат во четвртата македонска фудбалска лига.
Да потсетиме, MOZZART во акцијата „Нови дресови за нови шампиони“ опреми повеќе од сто клубови. Опремата пристигнува секој месец на адресите на фудбалски, кошаркарски, ракометни и други екипи од цела Македонија, што им дава мотив да се стремат кон повисоки пласмани во натпреварувањата.
