Хуманитарен тикет: Стефан Богдановски типува за Заводот за рехабилитација

Продолжуваат натпреварите, со тоа продолжува и нашата MOZZART хуманитарна кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба. Овој пат учесник во кампањата ќе биде македонскиот фудбалер Стефан Богдановски кој настапува за ФК Тетекс.

„Со задоволство се приклучувам на хуманитарната акција на MOZZART. Задоволството е големо од моја страна, а уште поголемо ќе биде ако овој тикет биде добитен и средствата заминат во вистински раце, таму каде што е најпотребно. На мојот тикет решив да типувам на натпревари од понудата и се надевам дека резултатите ќе ни одат во прилог и дека на крајот тикетот од оваа кампања ќе биде добитен“, вели Богдановски за неговиот избор.

Евентуалната добивка во хуманитарната кампања на MOZZART, Стефан ќе ја донира во Заводот за рехабилитација на деца и младинци “Топанско поле” во Скопје.