• Иван Димовски

Во пресрет на стартот на сезоната во европската елита, во скромен избор на натпревари продолжува MOZZART хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба. Овој пат учесник во кампањата ќе биде новинарот Матеја Петровски.
На тикетот Петровски се реши за натпревари од Шкотска, Швајцарија, Австрија и Германија, а типува на голови и во мечот за трофејот во Комјунити шилд во Англија.
„Со задоволство се приклучувам на хуманитарната акција на MOZZART. Задоволството е големо од моја страна, а уште поголемо ќе биде ако овој тикет биде добитен и средствата заминат во вистински раце, таму каде што е најпотребно. На мојот тикет решив да типувам на натпревари од понудата и се надевам дека резултатите ќе ни одат во прилог и дека на крајот тикетот од оваа кампања ќе биде добитен!“, вели Петровски за неговиот избор.
Новинарот Петровски евентуалната добивка во MOZZART хуманитарната кампања ќе ја донира за лекување на тригодишниот Алексеј од Скопје кој боледува од ретка болест.