Хуманитарен тикет: Мирковски типува за лекување на Љупче Георгиев

Продолжуваат натпреварите, со тоа продолжува и MOZZART хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба.

Овој пат учесник во кампањата ќе биде Владимир Мирковски, кошаркарски тренер и основач на ИПА Академијата. 

„Со задоволство се приклучувам на хуманитарната акција на MOZZART. Задоволството е големо од моја страна, а уште поголемо ќе биде ако овој тикет биде добитен и средствата заминат во вистински раце, таму каде што е најпотребно. На мојот тикет решив да типувам на натпревари од понудата и се надевам дека резултатите ќе ни одат во прилог и дека на крајот тикетот од оваа кампања ќе биде добитен!“, вели Мирковски за неговиот избор. 

Евентуалната добивка во хуманитарната кампања на MOZZART, Владимир ќе ја донира за лекување на Љупче Георгиев од Скопје.