Хуманитарен тикет: Магдевски типува на победи на Милан, Тотенхем, Сити...

Продолжуваат викенд-натпреварите, со тоа продолжува и MOZZART хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба. Овој пат учесник во кампањата ќе биде Андреј Магдевски, кошаркарски репрезентативец на Македонија. 

Магдевски на својот тикет одбра вкупно шест натпревари. Сите доаѓаат од најквалитетните лиги во Европа - три од Серија А, два од Премиер лигата и еден од Примера.

„Со задоволство се приклучувам на хуманитарната акција на MOZZART. Задоволството е големо од моја страна, а уште поголемо ќе биде ако овој тикет биде добитен и средствата заминат во вистински раце, таму каде што е најпотребно.

На мојот тикет решив да типувам на натпревари од понудата и се надевам дека резултатите ќе ни одат во прилог и дека на крајот тикетот од оваа кампања ќе биде добитен“, вели Магдевски за неговиот избор. 

Искусниот кошаркар евентуалната добивка во MOZZART хуманитарната кампања ќе ја донира во Универзитетска клиника за Детски болести, оддел за онкологија.