• Мартин Танасковски


Продолжуваат викенд-натпреварите, со тоа продолжува и MOZZART хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба.
Овој пат учесник во кампањата ќе биде Петар Љамчевски, член на фудбалскиот клуб Пелистер. Искусниот фудбалаер на својот тикет одбра вкупно шест натпревари. Паровите на македонскиот спортист доаѓаат од Германија, Португалија, Холандија, Англија и Шпанија.
„Со задоволство се приклучувам на хуманитарната акција на MOZZART. Задоволството е големо од моја страна, а уште поголемо ќе биде ако овој тикет биде добитен и средствата заминат во вистински раце, таму каде што е најпотребно. На мојот тикет решив да типувам на натпревари од понудата и се надевам дека резултатите ќе ни одат во прилог и дека на крајот тикетот од оваа кампања ќе биде добитен“, вели Љамчевски.
Петар евентуалната добивка во MOZZART хуманитарната кампања ќе ја донира во Центарот за социјални грижи во Битола.