Хуманитарен тикет: Ервин Цого со типови за Специјалната Олимпијада

Продолжуваат натпреварите, со тоа продолжува и нашата MOZZART хуманитарна кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба. Овој пат учесник во кампањата ќе биде Ервин Цого, македонски 3х3 баскет репрезентативец.

„Со задоволство се приклучувам на хуманитарната акција на MOZZART. Задоволството е големо од моја страна, а уште поголемо ќе биде ако овој тикет биде добитен и средствата заминат во вистински раце, таму каде што е најпотребно. На мојот тикет решив да типувам на натпревари од понудата и се надевам дека резултатите ќе ни одат во прилог и дека на крајот тикетот од оваа кампања ќе биде добитен!“, вели тој за неговиот избор. 

Евентуалната добивка во хуманитарната кампања на MOZZART, Ервин ќе ја донира во Специјалната Олимпијада Македонија.