• Иван Димовски
Продолжуваат натпреварите, со тоа продолжува и MOZZART хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба.
Овој пат учесник во кампањата ќе биде Драги Сетинов, македонската фудбалска легенда која остави голема трага во дресовите на скопски Вардар и сплитски Хајдук. На својот тикет тој одбра вкупно пет натпревари, сите се фудбал, а доаѓаат од најсилните лиги во Европа.
„Со задоволство се приклучувам на хуманитарната акција на MOZZART. Задоволството е големо од моја страна, а уште поголемо ќе биде ако овој тикет биде добитен и средствата заминат во вистински раце, таму каде што е најпотребно. На мојот тикет решив да типувам на натпревари од понудата и се надевам дека резултатите ќе ни одат во прилог и дека на крајот тикетот од оваа кампања ќе биде добитен!“, вели Сетинов за неговиот избор.
Евентуалната добивка во хуманитарната кампања на MOZZART, Драги ќе ја донира во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.