• Мартин Танасковски

Продолжуваат натпреварите, со тоа продолжува и нашата MOZZART хуманитарна кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба.
Овој пат учесник во кампањата ќе биде Бојан Крстевски, македонски кошаркарски репрезентативец и член на МЗТ Скопје. На својот тикет тој одбра вкупно пет натпревари, еден од нив е дека Интер ќе ја освои Лигата на шампионите, плус Бодо од Норвешка да даде два гола против Хам Кам, а останатите три се кошарки од Словенија, Франција и Грција.
Евентуалната добивка во хуманитарната кампања на MOZZART, Бојан ќе ја донира за лекување на Милошевска Ива.