Хуманитарен тикет: Андреј Данилов типува за лекување на Лео

Продолжуваат натпреварите, со тоа продолжува и MOZZART хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба.

Овој пат учесник во кампањата ќе биде македонскиот кошаркар Андреј Данилов кој состави тикет со пет натпревари и квота 5,25.

„Со задоволство се приклучувам на хуманитарната акција на MOZZART. Задоволството е големо од моја страна, а уште поголемо ќе биде ако овој тикет биде добитен и средствата заминат во вистински раце, таму каде што е најпотребно. На мојот тикет решив да типувам на натпревари од понудата и се надевам дека резултатите ќе ни одат во прилог и дека на крајот тикетот од оваа кампања ќе биде добитен!“, вели Данилов за неговиот избор. 

Евентуалната добивка во хуманитарната кампања на MOZZART, Андреј ќе ја донира за лекување на Леонид Индов.