Хуманитарен тикет: Александар Стојановски типува за децата во Козле

Продолжуваат натпреварите, со тоа продолжува и нашата MOZZART хуманитарна кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба.

Овој пат учесник во кампањата ќе биде Александар Стојановски, поранешен атлетски репрезентативец, а сегашен претседател на АК Делта.

Евентуалната добивка во хуманитарната кампања на MOZZART, Александар ќе ја донира во Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле, Скопје.