Стефано Пиоли го продолжи договорот со екипата на Милан до 2023 година, со опција за продолжување на една дополнителна. Италијанскиот стручњак врши неверојатна работа на „Сан Сиро“, Милан се врати во Лигата на шампионите по долга пауза, а сега е во битка за самиот врв во Серија А.