Се сеќавате ли на поранешниот фудбалер на Порто, Карлос Алберто? Една негова изјава низ бразилските медиуми предизвика бура од реакции. Имено, Карлос Алберто јасно изјави дека Жозе Мурињо ќе биде нов селектор на бразилската репрезентација. Тој како аргумент ја пренесе понудата од „специјалниот“ да му биде помошник во следниот циклус. Иако треба да се прими со резерва оваа вест, сепак Бразилците му придадоа голем значај.