По заминувањето на Сер Алекс Фергусон, неговиот поранешен „џокер“ од клупата, а сегашен менаџер, Оле Гунар Солскјер, најдолго се задржа на клупата на Манчестер Јунајтед. Норвешкиот статег цели три години е на чело на „црвените ѓаволи“ и досега избегна неколку „сигурни“ откази, но се чини дека ако нешто не се промени во играта на англискиот гигант, наскоро и тој ќе ја доживеа судбината на Дејвид Мојс, Луј Ван Гал и Жозе Мурињо.