Веќе нема дилеми кој ќе ги води Германците на Европското првенство следната година. Како што пренесува секогаш добро информираниот новинар Фабрицио Романо, договор е постигнат. Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман ја презема репрезентацијата на Германија.
Германските медиуми најавуваат дека Јулијан Нагелсман ќе биде новиот селектор на националниот тим. По заминувањето на Ханси Флик, кој стана прв селектор кој заработил отказ во репрезентацијата на Германија, се бараше адекватно решение.
Германскиот фудбалски сојуз му врачи отказ на Ханси Флик по бламажата против Јапонија. Поради тоа, веќе се зборува за негова замена и нов селектор кој ќе го води тимот на Европското првенство, на кое Германците се домаќини.
Премиер лигашот Челзи е во потрага по нов менаџер, откако Греам Потер попладнево беше отпуштен по само шест месеци. Нему му пресуди поразот на домашен терен од Астон Вила со 0-2. Во медиумите веќе се шпекулира за можен наследник, а во преден план е едно име.
Пред нешто повеќе од една седмица Баерн Минхен го шокираше фудбалскиот свет со објавата дека Јулијан Нагелсман доби отказ, а на негово место дојде Томас Тухел. Ваквиот потег на клупските лидери ги остави сите без зборови освен хрватскиот стручњак Нико Ковач.
Јулијан Нагелсман по неполни две сезони го напушта Баерн Минхен. 35-годишниот тренер доби отказ на два месеци пред крајот на оваа сезона, во која клубот уште е во игра за три трофеи. Тимот од Минхен го презеде познато лице како Томас Тухел, кој беше и голема желба на баварскиот великан по отказот во Лондон.
Баерн Минхен изненадувачки му подготви отказно решение на Јулијан Нагелсман. Младиот стручњак пред две сезони го презеде Баерн од Ханси Флик и уште во првата сезона ја освои германската титула. Се чинеше дека оваа сезона сигурно оди кон одбрана на трофејот, но од почетокот на 2023 година доживеа голем пад во Бундеслигата.
Младиот германски тренер Јулијан Нагелсман си заминува од Баерн. Оваа вест прв ја објави добро упатениот новинар Фабрицио Романо, а потоа информацијата ја потврди и германски „Билд“. Нагелсман оваа сезона со Баерн дојде до четвртфиналето од Лигата на шампионите, а тимот заостанува еден бод зад лидерот Борусија Дортмунд во Бундеслигата.
Баерн Минхен игра одлично во последно време. Избраниците на Јулијан Нагелсман лесно стигнаа до четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ, а во Бундеслигата полека се одвојуваат од конкуренцијата.
Во сите елементи на фудбалската игра Баерн Минхен го надигра ПСЖ среде Париз и ако не беше финишот и пеколната завршница со Мбапе на теренот, веројатно впечатокот, а и резултатот, ќе беше поубедлив.
Фудбалерите на Баерн Минхен гостуваат на „Паркот на принцовите“ во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч против ПСЖ во Лигата на шампионите. Во пресрет на истиот, на стандардната средба со медиумите се обрати тренерот Јулијан Нагелсман.
Килијан Мбапе се повреди на натпреварот против Монпелје во средата, а неговиот клуб ПСЖ објави дека ќе отсуствува до три недели. Тоа значи дека ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Парискиот клуб објави дека се работи за повреда на левиот бутен мускул.
Јулиjан Нагелсман е под голем притисок сезонава. Баерн Минхен не знае за победа четири меча во низа во Бундслигата, што оправдано му носи критики на младиот стратег.
Баерн Минхен одново ја совлада Барселона во Лигата на шампионите и со шест бода ја започна новата сезона во елитата. Јулијан Нагелсман беше презадоволен од победата од 2-0 во големото дерби против шпанскиот гигант.
Откако минатата сезона со само еден пораз испаднаа од Лигата на шампионите од Виљареал, фудбалерите на Баерн Минхен одлично ја почнаа новата сезона во Европа. Победата од 0-2 во Милано против италијанскиот вицешампион Интер го задоволува тренерот на Баерн Минхен.
По четири официјални победи, една во Суперкупот и три во Бундеслигата, главниот фаворит за сите трофеи во германскиот фудбал, Баерн Минхен, првпат не победи.