Историјата на Динамо е пребогата со врвни фудбалери. Низ „модрата“ соблекувална поминаа многу големи играчи, еден беше прогласен за најдобар во светот, но Аријан Адеми остави посебен белег. „Капитенот на Динамо“ на посебен начин влезе во сите клупски алманаци, а неговото заминување од „Максимир“ сè уште е главна тема кај хрватските медиуми.