Фудбалерите на Наполи на доминантен начин ја потврдија кандидатурата за скудетото, откако на свој терен го декласираа Јувентус со 5-1. Ова беше дуел на најдобриот напад и најдобрата одбрана, а „старата дама“ која немаше примено гол од осми октомври, сега пет пати ја вадеше топката од својата мрежа.