Зинедин Зидан, поранешниот стратег на Реал Мадрид, наводно е на пат за Катар, каде ќе треба да го финализира својот договор со францускиот шампион ПСЖ. Иако во последниот период се шпекулираше дека францускиот стратег нема намера да седне на клупата на „светците“, сепак по останувањето на Мбапе во тимот работите се променија и поранешниот светски шампион е на чекор до седнување на жешкото столче на парижани.