Словачката екипа Подбрезова е победник на 21. издание на меморијалниот турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“ во организација на Макпетрол. Подбрезова го оправда епитетот фаворит во екипна конкуренција и победи со 3607 соборени дрва, Макпетрол на второто место собори 3556, а третото го освои Црвена Звезда со 3495 соборени дрва.