Кугларскиот клуб Вардар на денот на независноста, 8 септември ќе го организира првиот меѓународен кугларски турнир по повод најголемиот национален празник во нашата земја. Со помош и поддршка од Град Скопје, чија заедничка цел е чествување овој најзначаен македонски празник и промоција на куглањето, Вардар обезбеди силна конкуренција.