Ретко кој веруваше дека еден спорт каков што е куглањето за многу краток период може да ги освои симпатиите на младите битолчани. Ако до пред некоја година кугланата беше мрачен тунел, денес блеска како никогаш досега и од истата никнуваат млади таленти од кои се очекува да бидат идни битолски и македонски ѕвезди во овој спорт. Ланскиот премиерен проект „Кугламе и сме среќни“, воден од неколку амбициозни куглари од градот на конзулите, донесе резултати за почит и прволигашки женски клуб, а од овогодишниот се очекува преку 600 ученици да се запознаат со тајните на оваа игра кој од ден во ден зема сè поголем замав во Битола.