Започнуваат европските предизвици за македонските кугларски клубови! 

По три одиграни кола во новата сезона на кугларскиот шампионат, најдобрите клубови во следната седмица ќе учествуваат на три големи европски натпреварувања. 

Шампионот Макпетрол и КК ГТЦ Мусандра ќе настапуваат на НБЦ купот во Славонски Брод, додека и КК Вардар 2014 ќе патува за Хрватска, каде во Вараждин ќе се одржи Европа покал турнирот. 

Во најелитното натпреварување ќе се испроба битолски КК Пелистер 1982, кој во Лудвигсхафен, Германија ќе брка историја во Светски куп. 

Трите турнири се закажани од период од 1 до 10 октомври, по што нашите куглари ќе им се вратат на обврските на домашно тло.