• Горан Упале

Кугларскиот клуб Вардар и оваа години продолжува да го промовира овој спорт во нашата држава, откако изминатиов викенд на едно место го собра балканскиот кугларски крем.
Во чест 8 септември во кугланата во „ВИП Арена“ при СЦБТ се одржа силен турнир на кој учествуваа најдобрите клубови од поранешни југословенски просториите. Во екипна конкуренција најуспешен беше тимот на Београд со вкупно 3.607 поени, второто место му припадна на Партизан, трет беше Мертојак Сплит, додека домаќинот Вардар заврши на четвртата позиција со 3.445 поени. Во поединечна конкуренција најдобар резултат оствари вардарецот Бојан Влаќевски (645 поени), па следуваа Иван Тотиќ (Мертојак Сплит 639) и Урош Јагличиќ (Београд – 629).
Изминатиов викенд и македонскиот шампион КК Макпетрол започна да ја темпира формата во пресрет на новата сезоната. Најтрофејниот македонки колектив беше дел од турнирот по повод 65 години постоење од КК Црвена Звезда, одржан во кугланата „Бањица" во Белград, а на крај оствари трет резултат (3.453), веднаш зад Борац Бања Лука и освојувачот Црвена Звезда (3.531).