• Зоран Мишевски

Кугларот на Макпетрол, Виктор Николовски е нов сениорски шампион на Македонија. Во финалето, Николовски го совлада својот помлад клупски колега Александар Соколовски со 609-593 во соборени кегли, откако во поединечните сетови беше 2-2.
Репрезентативецот Николовски најнапред во четвртфиналето го совлада Ибрахим Мемеди со 574-569 кегли (2-2 во поединечни сетови), а во полуфиналето беше подобар од Сашо Трпковски од Макпетрол со 589-527 (4-0).
Со оваа победа Николовски се здоби со право за настап на Светскиот поединечен куп во Клуж.