Викендов започнува новата кугалрска сезона, во првото коло дерби меѓу последните шампиони

Викендов стартуваат и македонското куглање. Првата македонска кугларски лига во новата сезона ќе биде сочинувана од девет екипи, од кои седум се машки, а две женски.

Куларската федерација на Македонија го објави дел од распоредот за новата сезона, а големо дерби ќе гледаме уште во првото коло. Актуелниот бранител на титулата Макпетрол ќе се судри со Вардар, тим кој пред две сезони приреди сензација и за првпат во клупската историја стана државен шампион.

На останатите натпревари ГТЦ Мусандра ќе се сретне со Пелистер А, Вардар Б со ЖКК Пелистер, а ЖКК ГТЦ Мусандра за противник ќе го има тимот на Макпетрол Б. Сите натпревари од првото коло ќе се одиграат во кугланата Мусандра.

Под водство на новото раководството, Кугларската федерација најави многу новитети во претстојната сезона, а првата треба да биде промоција на официјалната веб-страница на федерацијата.

  • Комплетниот распоред од есенскиот дел од кугларскиот шампионат: