Вардар со победа над Пелистер ја отвори новата сезона во кугларскиот шампионат 

По учеството на Светското првенство во Полска, македонските куглари им се вратија на клупските обврски и го започнаа новиот кугларски шампионат на Македонија.

Оваа сезона за трофејот ќе се борат само пет екипи, а веќе се одиграа и првите две кола. Во воведното шампионот Вардар беше слободен, Макпетрол славеше убедлива победа над својот втор тим, додека натпреварот меѓу Пелистер и ГТЦ Мусандра беше одложен поради ковид проблеми во редовите на скопскиот клуб.

Од второто коло исто така се одигра само еден натпревар, на кој Вардар беше поуспешен од Пелистер и славеше со 5.5-2.5. Натпреварот меѓу ГТЦ Мусандра и Макпетрол Б беше одложен, а најтрофејниот клуб беше слободен во ова коло.