Вардар игра во одлична форма: Пред европските предизвици собори клупски рекорд!

Кугларскиот шампион на Македонија од пред две сезони, Вардар, пријави ново учество на меѓународна сцена.

„Црвено-црните“ во оваа сезона, покрај обврските во домашните натпреварувања, својот квалитет ќе го испробаат и во НБЦ-Купот, кој оваа година ќе се одигра во Клуж, Романија каде ќе учествуваат екипи од цела Европа.

Во пресрет на континенталниот собир, вардарци својата форма ја темпираа со пријателска средба во Србија, каде имаа забележителен настап и соборија клупскиот рекорд. 

„Нов неофицијален тимски рекорд од 3.645 на пријателската подготвителна средба против КК Задар во Бачка Топола, Србија“, се пофалија од редовите на Вардар.

НБЦ-Купот во Клуж започнува во вторник и ќе трае до недела.