Вардар донесе искусно засилување за вториот дел од кугларската сезона

Кугларскиот клуб Вардар доведе квалитетно засилување во своите редови во пресрет на вториот дел од сезоната во Првата кугларска лига на Македонија.

„Црвено-црните“ ќе бидат посилни за поранешниот јуниорски репрезентативец Саша Јанковиќ, кој треба да го зголеми квалитетот на тимот во битката за втората позиција во шампионатот. 

Искусниот Јанковиќ својата кариера ја започна во далечната 1998 како член на Работнички, три години подоцна беше дел од јуниорската селекција на Македонија на Светското првенство, негов последен ангажман беше Тутунски Комбинат. 

Поради приватни причини беше приморан да ја стави во пауза својата кариера, која сега ја „оживува“ со ангажманот во Вардар.