Уште еден спорт застана поради новите мерки за тестирање пред мечеви

Спортовите во Македонија полека ги одложуваат своите натпревари кои беа предвидени во претстојниот викенд, поради новите мерки на Владата која наложи сите клубови да имаат задолжителни тестови 72 часа пред настаните.

Фудбалерите и ракометарите беа првите кои мораа да ги прекинат натпреварите, а сега доаѓа информација и од Кугларската федерација на Македонија.

На денешната итна седница на извршниот одбор, било утврдено третото коло од шампионатот кое требаше да се игра овој викенд, да биде одложено за седум дена поради новиот протокол.

Засега, од спортовите најавено е дека овој викенд ќе се играат шампионатите во кошарка и одбојка.