Кугларот Стоклас обезбеди пласман меѓу најдобрите 32-ца на Светско првенство

Вчерашниот ден на Светското кугларско првенство во Швац беше прв комплетен поединечен настап и на членовите на машката сениорска репрезентација. Повеќе од солиден настап со просек од 611 соборени кегли или вкупно 3.667. 

Најдобар поединец во нашиот табор беше Урош Стоклас со 654 соборени кегли, одличен беше и Никола Андоновски со 622, а потоа следуваа Коста Ристевски – 609, Петар Радовиќ – 603, Александар Блажевски – 591 и Душко Ајдин – 588. Во елиминациона фаза од 32 играчи продолжува само Урош Стоклас. 

Претходно, свој настап имаа и дамите, но за жал ниту една од нив не успеа да обезбеди пласман во финалната серија.