Светските вицешампиони на прием кај градоначалникот на Битола!

Светските вицешампиони во куглање со нивниот селектор денес беа на прием кај градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски се закитија со сребрени медали во Тандем микс на Светското првенство во Австрија, а историски успех беше забележан и во Тандем жени, дисциплина во која светски вицешампиони станаа Стефанија Алексовска и Андреа Велјановска.

„Како селектор, тренер и дел од управата на Кугларската федерација на Македонија немам зборови да ја опишам среќата и задоволството за постигнатиот успех на Македонија во младинските категории“ вели нивниот тренер и селектор Игор Михајловски.

Градоначалникот Коњановски им честиташе посакувајќи им уште многу спортски успеси.

Инаку кугланата во Битола, каде што тренираат и која е лиценцирана и за меѓународни натпревари, е местото од каде излегуваат талентирани спортисти што се гордост на Битола.