Српската кугларска легенда Керечки дел од „Кугламе и сме среќни“

Амбициозниот проект на битолскиот кугларски клуб Пелистер, „Кугламе и сме среќни“ ја раздрма спортска Битола. Изминатиов викенд битолските надежи ја имаа таа можност да учат од српската легенда на овој спорт и член на Црвена Звезда, Јован Керечки.

Кугларскиот мотиватор со раширени раце беше пречекан во битолската куглана, а возврати со енергија која идеално се вклопи во концептот и филозофијата на „Кугламе и сме среќни“.

Од битолскиот табор најавуваат дека не помислуваат на одмор, туку ќе продолжат со жестоко темпо и за следниот викенд ја очекуваат репрезентативката на Србија, Маријана Орос, која исто така своето знаење и искуство ќе го сподели со младите куглари.